Дома Трансфер зона Јувентус се надева на идеално сценарио во финишот, но дали е реално?

Јувентус се надева на идеално сценарио во финишот, но дали е реално?

Италијанскиот шампион Јувентус најавува фантастична завршница на преодниот рок.

Едното засилување веќе е договорено, Бенедик Ховедес, е човекот со кој Јувентус ќе ја затвори одбраната. Се очекува Германецот во текот на денешниот или утрешниот ден да пристигне во Торино. Иако, за овој фудбалер интерес покажа и Ливерпул, тој се одлучи за Италија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Но, тоа не е се од Јувентус во овој преоден рок. „Бјанконерите“ ќе се обидат да го доведат и Балде Кеита кој ги одбива сите други понуди, но Лотито не сака да го пушти за 20 милиони евра, колку што нуди италијанскиот шампион.

Но, тој не е приоритет.

За фудбалерот поради кој директорите на Јувентус се во Рим може да се каже дека е невозможна мисија. Имено, Јувентус ја зголеми понудата за Стротман, сега нудат 45 милиони евра за Холанѓанецот и спремни се како дел од трансферот да го вклучат и Хуан Квардадо.

Стротман не се огласил по интересот на Јувентус, но пред неколку недели истакна дека сака да остане во Рим, а веројатно и Рома не би ризикувала со продажба на еден од своите најдобри фудбалери во најголемиот ривал за титулата.

Во Јувентус сеуште се надеваат и на Андре Гомеш од Барселона, Емре Џан наводно е договорен за идното лето, но како приоритет во завршницата се истакнува фудбалерот на Рома.

Значи идеалното сценарио за Јувентус во финишот од преодниот рок е да го доведе Стротман, продажба на Асамоа, враќање на Спинацола и да се убеди Лотито да го пушти Кеита, секако и веќе обезбедениот потпис на Бенедик Ховедес.

Но, многу по веројатна е ситуацијата преодниот рок да биде затворен со Ховедес и евентуалното пристигнување на Кеита. Јувентус ова лето во клубот ги доведе: Даглас Коста, Матуиди, Де Шиљо, Шчесни, Бернардески и Бентакур.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го продава Рафиња за да се засили со играч од 50 милиони евра?

Крилниот напаѓач на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс има откупна клаузула од 50.000.000 евра,…