Дома Фудбал Англија Билд тврди дека Баерн е во преговори, Боатенг на излезната врата

Билд тврди дека Баерн е во преговори, Боатенг на излезната врата

Еден од играчите кои сосема сигурно ќе бидат во центарот на вниманието во финишот на преодниот рок е штоперот на Баерн, Боатенг.

Кога зборуваме за штопер, тогаш не е тешко да погодиме со кој се поврзува. Да, го посакува Жозе Мурињо во Манчестер Јунајтед. Откако пропадна обидот со Јари Мина, Специјалниот се сврте кон Алдервилд од Тотенхем и Боатенг од Баерн.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


29-годишниот Боатенг веќе седум години е во Баерн, а сега на големо се шпекулира за негов трансфер во Јунајтед.

Приказната се објави во германски Билд, кој пишува дека Јунајтед отвориле преговори со Баерн, кој ќе бара цена од 50 милиони евра, а германскиот дефанзивец исто така го сака и Арсенал.

Покрај Арсенал и Јунајтед се споменува и ПСЖ, па Боатенг би можел да биде најбараниот играч во финишот на преодниот рок.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челзи му нуди трампа на Наполи: Лукаку и пари за Осимен

Фудбалерот на Наполи, Виктор Осимен е eден од најбараните на фудбалскиот пазар и ова лето …