Дома Трансфер зона Мончи на Рома и носи засилување од противникот на Шкендија?

Мончи на Рома и носи засилување од противникот на Шкендија?

samsek

Tимот на Рома веќе доведе голем број засилувања пред новата сезона, а сега едно пронајде и од противникот на Шкендија во квалификациите за Лигата на шампионите, Салцбург.

Имено, еден од најдобрите фудбалери на Салцбург, Диади Самсек е голема желба на директорот на „волчицата“, Мончи.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека Рома е сериозно заинтересирана да го доведе Самсек во своите редови.

Станува збор за фудбалер кој има 22 години и игра на позицијата играч за врска, а кога веќе го привлекол интересот на Мончи јасно е за каков фудбалер се работи.
Мончи во овој фудбалер гледа идеална замена за Даниеле Де Роси кој со „една нога“ веќе е во пензија.

Австриските медиуми пренесуваат и дека за овој фудбалер интерес покажале Манчестер Сити и ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал може да добие бесплатно засилување од Реал Мадрид

Ферланд Менди е фудбалер кој во Реал Мадрид пристигна од Лион во 2019 година и е прв избор…