Дома Фудбал Антонио Касано се враќа и е 110% спремен, тврди дека го бараат шест клуба!

Антонио Касано се враќа и е 110% спремен, тврди дека го бараат шест клуба!

После две години неиграње фудбал, Антонио Касано е спремен да се врати!

Касано има 36 години и сака да се врати на професионалното играње фудбал.

Иако ветеранот не одиграл официјален натпревар две години истакна дека е спремен да прикажува добри настапи, а откри и дека за неговите услуги се заинтересирани – шест клуба!

„Болоња, Сасуоло, Парма, Торино, но исто така Емполи и Каљари…Јас би сакал да играм некаде блиску до Џенова, не можам без своето семејство. Ако добија прилика секогаш ќе правам разлика. Сега сум 110% спремен и телото ми е во ред, можам да играм до 60 години“, изјави Касано.

Италијанскиот ветеран во својата богата кариера настапуваше за Бари: Рома, Реал Мадрид, Сампдорија, Милан, Интер, Парма и Верона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барела го брани Киву по дерби-поразот: Не е до формацијата, ние потфрливме

По поразот од Милан со 3-1, Николо Барела ја посочи одговорноста кај играчите и објасни зо…