Дома Топ вести Не е само Ливерпул, уште еден ривал на Арсенал го сака Арон Рамзи

Не е само Ливерпул, уште еден ривал на Арсенал го сака Арон Рамзи

Арсенал во финишот од преодниот рок во Англика би можел да остане без својот играч за врска.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Како што веќе се најавуваше долгогодишниот првотимец на Арсенал, Арон Рамзи се наоѓа на мета на Ливерпул, но „Sunday Express“, пишува дека во „пол-позиција“ за доведување на Рамзи е – Челзи!

Рамзи веќе 10 години го носи дресот на Арсенал, а неговиот актуелен договор со клубот од Лондон истекува наредната сезона.

Наводно, во Арсенал размислуваат на потег за продавање на Рамзи поради тоа што би можеле наредното лето да останат без Велшанец и да не добијат ниту цент оштета.
Споменатиот медиум пренесува дека „сините“ на адреса на „топџиите“ размислуваат да испратат понуда вредна 35 милиони евра.

Под услов да се оствари продажбата на Рамзи, Арсенал би можел да направи обид за доведување на Осман Дембеле од Барселона. Ќе потсетиме неодамна се пишуваше и дека Емери е спремен да го менува Рамзи со Дембеле.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…