Дома Трансфер зона Фулам е сериозен и не застанува: После Митровиќ, Шурле и Сери договори дефанзивец од Арсенал!

Фулам е сериозен и не застанува: После Митровиќ, Шурле и Сери договори дефанзивец од Арсенал!

fulham

Премиер лигата е пред самиот почеток, натпреварите започнуваат веќе во петок, а тимот на Фулам е еден од клубовите кои работеше со полна пареа во текот на летото.

Тимот на Фулам предводен од Србинот Славиша Јокановиќ успеа да се избори за враќање во Премиер лигата и има намера тука да остане подолг период.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Клубот од „Кревен Котиџ“ покажа дека има голем финанисиски потенцијал. Веќе ангажираа повеќе засилувања, а најголемо внимание привлекуваа трансферите на напаѓачот Митровиќ (oткупен откако една сезона помина како позајмен), Андре Шурле и Жан Мишел Сери, следен кој пристигнува е дефанзивецот на Арсенал, Калум Чемберс.

Реномираниот „Скај Спорт“ објави дека Фулам и Арсенал постигнал договор за позајмица на Чемберс до крајот на сезоната.

Чемберс има 23 години, кариерата ја започна во Саутемптон од каде што во летото 2014 се приклучи на Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Себаљос се сели во Серија А

За Себаљос повеќе нема место во Реал Мадрид и „кралевите“ му порачале дека на лето може да…