Дома Трансфер зона Трансфери во живо: Милан има нова мета, Каталонците тргнуваат на „шопинг“, Монако го ШОКИРАШЕ Венгер…

Трансфери во живо: Милан има нова мета, Каталонците тргнуваат на „шопинг“, Монако го ШОКИРАШЕ Венгер…

Трансфер периодот ширум Европа е во полн ек, трансфер шпекулациите се засилуваат од час во час, па нашата редакција благовремено ќе ве известува за сите случувања на трансфер пазарот.

– Монако го изненади Арсенал и на Венгер му порача дека доколку сака да го доведе Тома Лемар во своите редови ќе мора да го пушти Алексис Санчез во редовите на Монако. (ОВДЕ)


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


– Екипата на Јувентус го зголемува интересот за играчот од средината на ПСЖ, Блез Матуди и фудбалерот на шпанска Валенсија, Жоао Кансело.(ОВДЕ)

– Како што изгледа ситуацијата во овој момент, екипата на Милан најверојатно се откажа од намерата во своите редови да го доведе, Пјер-Емерик Обамејанг, па следна мета на „росонерите“ е напаѓачот на Фиорентина, Никола Калиниќ.(ОВДЕ)

– После продажбата на Нејмар во ПСЖ, управата на Барселона наводно е спремна да потроши 200 милиони на три засилувања, во прашање се Фелипе Кутињо, Осман Дембеле и Иниго Мартинез. (ОВДЕ)

– Сагата која беше актуелна на почетокот на трансфер периодод поврзана со иднината на Кристиано Роналдо и неговото заминување воопшто не била наивна. Имено, Португалецот потврди дека порадите проблемите со данокот во Шпанија сака да ја напушти таа земја. (ОВДЕ)

– Официјално: Роби Кин е нов член на индинскиот клуб Атлетико од Калкута.

– И покрај тоа што од Шпанија пристигнуваат информација дека Барселона парите од Нејмар има намера да ги потроши како што споменавме погоре на Кутињо, Мартинез и Дембеле. Италијанскиот „Кориере Дело Спорт“ пишува дека Каталонците спремаат понуда од 120 милиони евра за Паоло Дибала.

Диего Коста и понатаму ја одбива можноста да се пресели во редовите на Милан, иако неговиот агент, Мендеш, сака корпулентниот напаѓач да заврши на „Сан Сиро“, на Коста не му се допаѓа тоа што со екипата на Милан нема да има прилика да настапува во Лигата на шампионите.

– Фудбалерот на Интер, Гари Медел ги договори личните услови со турски Бешикташ, сега се чека само да пристигне официјалната понуда од турскиот клуб.

– Наводно, Јирген Клоп спрема понуда од 17 милиони евра за фудбалерот на Рен, Банџамин Андре, скаутите на англискиот гигант веќе подолго време ги следат настапите на овој фудбалер.

– Иако трансферот на Далберт во Интер практично е завршена работа, италијанските медиуми пренесуваат дека Интер сега тргнува по услугите на бекот на ПСЖ и големата желба на Жозе Мурињо, Серж Орие.

– Eкипата на Интер ги договори личните услови со фудбалерот на Борусија Дортмунд, Емре Мор, сега останува потешкиот дел од работата, договорот со Борусија Дортмунд.(ОВДЕ)

– ПРЕСВРТ: Генералниот менаџер на Ница, Жулиен Фруние, за француските медиум ги демантираше најавите дека фудбалерот на францускиот клуб, Далберт преминува во Интер.

– Официјално: Алваро Негредо е нов фудбалер на Бешиткаш.

– Агентот на Колумбиецот од Милан, Карлос Бака, потврди дека фудбалерот сака само трансфер во Примера, во редовите на Севиља.

– Младиот талентиран фудбалер од редовите на Јувентус, Моис Кин би можел да биде испратен на позајмица во еден од овие клубови: Зволе, Ден Хаг, Кротоне, Болоња и Верона.

– Откако Жозе Мурињо покажа интерес за младиот Белгиец, Леандер Дедонкер, сега фудбалерот го известил својот агент дека сака нов предизвик како и дека Манчестер Јунајтед е одлична прилика за голем чекор во неговата кариера.

– Играчот од средината на Интер, Кондогбија побарал од клубот да биде продаден. Фудбалерот смета дека после пристигнувањето на Валеро и Весино во Интер, за него нема да има премногу простор за игра.

– После Ријад Марез и Дени Дринквотер и соопштил на управата на Лестер дека сака да го напушти клубот. Како можен нов клуб на одличниот играч од средината се споменува Челзи.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Александер Арнолд уште од јануари во Реал

Трент Александер-Арнолд може да го напушти Ливерпул уште во јануари бидејќи според последн…