Дома Топ вести Барса троши 200 милиони, на „Ноу Камп“ пристигнува фантастично трио?!

Барса троши 200 милиони, на „Ноу Камп“ пристигнува фантастично трио?!

Каталонскиот гигант наводно веќе има идеја како ќе ги потроши парите од Нејмар…

„Мундо Депортиво“ пренесува дека екипата на Барселона со парите од Нејмар ќе се обиде да ги доведе, Фелипе Кутињо, Осман Демебеле и Иниго Мартинез. Споменатиот медиум наведува и дека Барселона би можела на сумата од 222 милиони евра да ги додаде останатите 30 милиони колку што им останаа за трошење ова лето.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кога во прашање е Кутињо, шпекулациите за негов трансфер во Барселона се зголемија кога тој го пропушти натпреварот против Атлетик Билбао во Даблин.

Шпанските медиуми најавуваат дека Бразилецот ќе се пресели во редовите на Барселона за сума од 100 милиони евра. Ниту, Осман Дембеле нема ниска цена. Наводно, „милионерите“ за услугите на одличниот напаѓач бараат 90 милиони евра. Ако за Дембеле и Кутињо Каталонците мораат да издвојат огромна сума, тоа не е случај со Иниго Мартинез кој има откупна клазула од 32 милиони евра.

Барем од оваа гледна точка, доколку Барселона го доведе ова „трио“ може да се каже дека парите од Нејмар се паметно потрошени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…