Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Бруно Фернандеш станува „ѓавол“, Жиру во Интер, Чави ја одби Барса

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Бруно Фернандеш станува „ѓавол“, Жиру во Интер, Чави ја одби Барса

Со Спортски и денес бидете во тек и следете се што се случува на трансфер пазарот.

-Веста на денот е секако трансферот на Бруно Фернандеш во Манчестер Јунајтед. Постигнат е договор и Португалецот за 70 милиони евра ќе се пресели на „Олд Трафорд“ (тука).

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


-Италијанските медиуми тврдат дека Интер и Челзи ги договараат последните детали и наскоро Оливие Жиру ќе стане нов фудбалер на миланскиот гигант.

-Арсенал е силно зиантересиран за играчот на Милан, Хакан Чалханоглу. Двата клуба наскоро ќе започнат преговори (тука).

ПРЕСВРТ: Иако шпанските медиуми објавија дека Чави наскоро ќе биде назначен за нов тренер на Барселона, сепак легендата ја одбил понудата (тука).

-Англиските медиуми тврдат дека Фернандо Љоренте може да се врати во Тотенхем. Шпанецот не се снајде најдобро во Наполи, а на Мурињо му е потребна замена за Хари Кејн.

Кристиан Ериксен постигна договор со Интер, останува уште двата клуба да ја договорат отштетата, па трансферот е блиску до реализација.

-Официјално: Матија Калдара го комплетираше трансферот во Аталанта на 18-месечна позајмица со право на откуп за 15 милиони евра.

-Милан и Рома започнаа преговори за трампа Сусо – Ченгиз Ундер.

Дони ван де Бек ја отфрли можноста да се пресели во Манчестер Јунајтед и потврди дека останува во Ајакс.

-Откако го комплетираше трансферот на Симон Кјаер на 6-месечна позајмица, Милан е во потрага по уште еден дефанзивец.

-Манчестер Јунајтед испрати понуда од 12,5 милиони фунти за „вундеркиндот“ од Бирмингем, 16-годишниот Џуд Белингам.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…