Трансфер периодот ширум Европа е во полн ек, трансфер шпекулациите се засилуваат од час во час, па нашата редакција благовремено ќе ве известува за сите случувања на трансфер пазарот.
-На повидок голем трансфер за Арсенал. Монако е блиску до потпишување на договор со Гезал, што значи дека се отвара вратата за трансфер на Томас Лемар на „Емирати“ (ОВДЕ).
Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓
– Генералниот директор на Милан, Фасоне потврди дека „росонерите“ ќе донесат едно големо име во нападот и на ја отфрли можноста тоа да биде Ибрахимовиќ или Фалкао.
– Англиските медиуми пренесуваат дека Ливерпул испратил понуда од 17 милиони евра до Рен за 26-годишниот Бенџамин Андре. Станува збор за дефанзивен играч за врска.
– Англиските медиуми пренесуваат дека Тотенхем е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Шалке, Макс Маер. „Спарси“ наскоро ќе испратат официјална понуда до германскиот клуб.
– „Мудо Депортиво“ пренесува дека Барселона спрема понуда за Пауло Дибала. Весниот тврди дека Јувентус сака во „пакетот“ да биде вклучен и Андре Гомеш или Рафиња Алкантара (ОВДЕ).
– Зинедин Зидан има специјален план за Килијан Мабапе. Останува да видиме што ќе каже Перез на тоа (ОВДЕ).
– Интер е во потрага по крилен напаѓач, а денес италијанските медиуми пишуваат дека „нероаѕурите“ се заинтересирани за Јармоленко од Динамо Киев и Емре Мор од Борусија Дортмунд.
– Официјално: Џермејн Ленс е нов играч на Бешикташ. Сандерленд за неговиот потпис ќе добие 5 милиони евра.
– Зенит е сериозно заинтересиран за играчот за врска на Атлетико Мадрид, Матијас Краневитер и спрема понуда до „јорганџиите“.
– „Тутоспорт“ открива дека главна трансфер мета на Јувентус за замена за Леонардо Бонучи е Езекил Гарај од Валенсија. Наводно двата клуба веќе ги започнале преговорите за трансферот.
– Италијанските медиуми пренесуваат дека Кондогбија побарал од раководството на Интер да му биде дозволен трансфер ова лето. „Нероаѕурите“ за неговата слобода бараат најмалку 25 милиони евра.
– Шпанските медиуми пренесуваат дека Барселона постигнала договор со Осман Дембеле и во наредните денови ќе испрати официјална понуда до Борусија Дортмунд. (ОВДЕ).
– Јувентус е сериозно заинтересиран за играчот за врска на Реал Мадрид, Матео Ковачиќ (ОВДЕ).
– Интер потврди дека Иван Перишиќ нема да го напушти клубот ова лето и дека започнале преговори за нов договор.
– Официјално: Батштубер е нов фудбалер на Штутгард.
– Евертон конечно го договори долгоочекуваното засилување. Англиските медиуми потврдија дека „карамелите“ постигнале договор со Свонси за трансфер на Сигурдсон за кого ќе платат неверојатни 58 милиони евра.(ОВДЕ)
– Официјално: Гастон Рамирез е нов играч на Сампдорија. Италијанскиот клуб на Мидлсборо ќе му плати 9 милиони евра.
– Германскиот „Билд“ пренесува дека Борусија Дортмунд бара 100 милиони евра за Осман Дембеле и нема да го продаде за помала сума.
– Интер и Валенсија се блиску до договор за трансфер на дефанзивецот Џеферсон Муриљо кој треба да изнесува 13 милиони евра.
– Милан поднесе банкарски гаранции за трансферите на Леонардо Бонучи и Лукас Биглија. Трансферите се комплетирани и двајцата ќе можат да настапат на следниот меч (ОВДЕ).
– Барселона е заинтересирана за стоперот на Реал Сосиедад, Ињиго Мартинез Претседателот на баскискиот клуб порача дека играчот може да си замине само доколку биде активирана клаузулата која изнесува 32 милиони евра.