Дома Актуелно Лемар се поблиску до Арсенал, Монако го избра неговиот заменик?

Лемар се поблиску до Арсенал, Монако го избра неговиот заменик?

Последниот месец на фудбалскиот период се очекува да биде посебно интересен..

ПСЖ се засилува, Монако распродава, така стојат работите во Франција во овој момент. Да потсетиме, Бернардо Силва, Бенџамин Менди и Тајмон Бакајоко веќе го напуштија клубот, следен во низата би можел да биде и Тома Лемар за кого сериозен интерес веќе подолго време покажува екипата на Арсенал.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Лемар веќе побара дозвола од Монако да го напушти клубот, а сега би можел и да ја добие бидејќи на чекор од Монако е 25 годишниот Рашид Гезал кој би бил негова замена во клубот Кнежеството.

Гезал во Монако би пристигнал како слободен играч откако му истече договорот со Лион, покрај Монако интерес за овој фудбалер покажа и екипата на Ница. Сепак, клубот на Марио Балотели не можеше да парира на понудата на Монако која изнесуваше 180.000 евра месечно и уште три милиони евра како бонус за потписот.

Интересно, Лион на Гезал му нудеше месечна плата од 280.000 евра плус бонуси, но Гезал смета дека е време за нови предизвици.

Иначе кога во прашање е трансферот на Лемар, Монако со неговата продажба би можел да заработи околу 55 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Готово: Јувентус го договори најдобриот голман во Серија А

Според последните информации од Италија екипата на Јувентус за наредната сезона договорила…