Дома Топ вести Барса спрема ПОНУДА со која ќе ги принуди Јуве и Дибала да ја променат одлуката?

Барса спрема ПОНУДА со која ќе ги принуди Јуве и Дибала да ја променат одлуката?

Познато е дека Јувентус знае да ги продава своите најдобри во случај на адекватна понуда, па такво нешто би можело да се случи и со Паоло Дибала…

И покрај изјавите од раководството на Јувентус дека Дибала нема да замине во Италија и понатаму актуелни се шпекулациите за иднината на Aргентинецот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Некои од поголемите медиуми во Италија пренесуваат дека Јувентус би можел да го жртвува Дибала за Андре Гомеш и Рафиња Алкантара за кои Алегри беше заинтересиран и минатото лето.

Со споменатите двајца „старата дама“ би решила отворени прашања во тимот, а како замена за Дибала би можел да биде новото засилување на тимот, Федерико Бернардески.

Јасно е понудата од Барселона би морала да биде „непристојна“, „Мундо Депортиво“ пишува и дека Дибала би можел да биде полесна мета од Кутињо бидејќи во Јувентус се водат по правилото дека секој играч доколку има желба да замине во случај на адекватна понуда може и тоа да го направи.

Но, поголем проблем за Каталонците е самата желба на Дибала кој нема намера да се пресели во Барселона, барем не во овој момент. Аргентинецот смета дека би можел еден да го наследи Меси, но не и Нејмар кој не игра на негова позиција.

Јувентус и Дибала јасно се договорија дека тој останува, но доколку на адреса на Торино пристигне понудата за која се шпекулира дека Барселона би можела да ја испрати од 150 милиони евра и плус споменатите двајца фудбалери, работите би можеле да се променат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Фудбалерите не сакаат повеќе да молчат – и се заканија на ФИФА со тужба!

Светската фудбалска федерација ФИФА е повикана да ги разгледа плановите за домаќин на Свет…