Дома Фудбал Италија Трагедија во Италија: Судијка почина на породување

Трагедија во Италија: Судијка почина на породување

Tрагедија се случи денес во Италија откако судијката Марика Галиција почина за време на породување, а бебето заврши во инкубатор поради проблемите со крвотокот.

Причината за трагедијата е емболија на плодовата вода што е реткост при породувањата. Судијката имала нормална бременост и ништо не најавувало ваков трагичен епилог.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Првите проблеми почнале да се појавуваат непосредно пред породувањето кое требало да биде со царски рез.

Повеќе од една деценија Галиција делела правда на фудбалски натпревари. Клубовите денес се збогуваат со неа преку социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Левандовски на раскрсница: Да направи чекор кон пензија или „топот“ уште функционира?

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски за неколку месеци останува без договор со Барселона. П…