Дома Фудбал Германија Тој е еден од најтрофејните фудбалери во светот, а има одиграно само 7 натпревари!

Тој е еден од најтрофејните фудбалери во светот, а има одиграно само 7 натпревари!

Една од најнеобичните стории во фудбалскиот свет е секако онаа на резервниот голман на Баерн Минхен, Томас Штарке.

Штарке е еден од најтрофените германски фудбалери. Во дресот на баварскиот гигант има освоено 12 трофеи – четири во Бундес лигата, еден германски Суперкуп, еден Суперкуп на Европа, Лига на шампиони и Светско клупско првенство.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Неговата кариера е за секоја пофалба, меѓутоа Штарке во животот има одиграно само седум официјални натпревари за Баерн. Во Минхен пристигна од Хофенхајм во 2012 година, а во пет години има само 6 настапи во првенството и еден во Купот.

Во Бундес лигата има примено три гола и сите три портив Хофенхајм, додека во Купот доби четири парчиња од Борусија Дортмунд.

Сепак, овој 36-годишен голман може да се пофали дека го има одбрането најспектакуралрниот пенал во Бундес лигата – со глава!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Артета сака засилување од Реал Мадрид, Арсенал ќе треба да плати 85 милиони евра

Реал Мадрид можеби ќе се насочи кон продажба, откако потроши околу 120 милиони евра за анг…