Легендарниот фудбалер Рома, Франческо Тоти се присети на периодот кога во своите редови сакаше да го донесе претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.
Не е тајна дека Перез во неколку наврти се обиде да го донесе Тоти, кога тој беше страв и трепет во Серија А, но легендата на Рома секогаш го одбиваше.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тоти е единствениот фудбалер кој одби да премине во редовите на Кралевите и тоа претседателот Перез и денеска му го спомнува на италијанецот.
„Беше еден период од мојата кариера помеѓу 2004. и 2005 година кога Реал се направи да ме донесе. Ми го испратија дресот со број 10 и натпис Тоти за да ме убедат да им се приклучам. Не можам да кажам дека Перез ме бараше стално, но тој и луѓето околу него правеа се за да дојдат до мене.“ – изјави Тоти и додаде:
„Од тогаш неколку пати се среќавам со Перез. Последен пат тоа беше во Монако пред неколку недели кога беше извлекувањето за групната фаза во ЛШ. Тој секогаш е пријателски настроен спрема мене и секогаш кога се сретнеме ми каже: ‘Ти си единствениот играч кој не успеав да го убедам да дојде во Реал Мадрид.“
Инаку, токму Реал Мадрид и Рома синоќа го одиграа натпреварот од првото коло во ЛШ на Сантијаго Бернабеу.