Дома Фудбал Репрезентации Тотенхем ќе ги казни аргентинските фудбалери кои на „своја рака“ отпатуваа на мечот со Бразил

Тотенхем ќе ги казни аргентинските фудбалери кои на „своја рака“ отпатуваа на мечот со Бразил

Прекинот на Суперкласико помеѓу Бразил и Аргентина предизвика бурни реакции ширум светот.

Беше бурно во Бразил иако имаше впечаток дека страстите до некаде се смирија, од Островот пристигнуваат поинакви информации. Имено, според информациите на островскиот „Телеграф“ двајцата нивни аргентински фудбалери ќе бидат казнети.

Наводно, Тотенхем им забранил на Џовани Ло Селсо и Кристијан Ромеро да патуваат за овој натпревар, токму поради ситуацијата со карантинот. Тие таа забрана очигледно не ја почитувале.

Иста е и ситуацијата со Девисон Санчез од Колумбија кој на „своја рака“ одговори на повикот на селекторот.

Според правилата на здравствените власти во Бразил одреден е карантин од 14 дена за сите фудбалери кои доаѓаат од Велика Британија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Желбите на Конте за јануарскиот преоден рок

Новиот тренер на Тотенхем, Антонио Конте инсистира да бидат активни во јануарскиот преоден…