Дома Топ вести Тотенхем ја одби и последната понуда за Кејн, Баерн се откажува

Тотенхем ја одби и последната понуда за Кејн, Баерн се откажува

Тотенхем ја одби и третата понуда на Баерн Минхен за Хари Кејн, информираат медиумите на Островот.

Баерн од поодамна има договор со Хари Кејн, но никако не може да постигне договор со Тотенхем.


Време е за фудбалска класика: Шпанија - Италија! ↓↓↓


„Спарси“ најпрво одбија два понуди, а Баварците пред неколку дена испратија последна понуда од 100 милиони евра, иако напаѓачот влезе во последната година од договорот.

И покрај фактот што Кејн инсистира да си замине и да се пресели во Баерн, сепак Тотенхем ја одби и третата понуда од германскиот клуб.

Претседателот Леви бара 140 милиони евра за слободата на Кејн, а Баерн после ова најверојатно ќе се откаже од трансферот и ќе се насочи кон други цели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Италија си даде автогол, Шпанија во осминафинале🎥

Шпанија го доби дербито против Италија со 1:0 и тоа со автогол и го обезбеди првото место …