Дома Трансфер зона Тотенхем пронајде решение за нападот, но ќе треба да плати 100 милиони евра?

Тотенхем пронајде решение за нападот, но ќе треба да плати 100 милиони евра?

По суспензијата на ФА поради обложување на Aјван Тони не му беше лесно да се врати во натпреварувачкиот ритам, но фудбалерот на Брентфорд успеа да заработи повик во репрезентацијата на Англија, за која постигна и гол.

Сè уште не е познато дали 28-годишниот напаѓач ќе влезе во конечниот список на Саутгејт за Европското првенство, но Англичанецот летово би можел да ја промени средината.


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Медиумите од Островите повторно пишуваат за потенцијалниот трансфер во Тотенхем за кој се шпекулираше минатата сезона кога Хари Кејн го напушти лондонскиот тим.

Анже Постекоглу се обиде да игра без класичен напаѓач, но се случуваше да има проблеми. Тимо Вернер пристигна на позајмица, меѓутоа тој не импресионираше.

Сега Тони повторно е актуелен како некој кој би донел освежување во редовите на Спарс и би бил долгорочно решение. Меѓутоа, Брентфорд исклучително го цени својот напаѓач и не сака да го пушти под 100 милиони евра.

Тони сезонава постигна четири гола на 17 натпревари во Премиер лигата, откако ја одработи суспензијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ердон Даци има нов клуб

Maкедонскиот фудбалер, Ердон Даци има нов клуб во Белгија и ќе го носи дресот на Деинзе. В…