Дома Трансфер зона Торес заминува далеку од Мадрид?

Торес заминува далеку од Мадрид?

Шпанскиот фудбалер Фернандо Торес веројатно ќе ги напушти редовите на Атлетико Мадрид на крајот од сезоната.

Торес долго време се поврзува со заминување од Мадрид, а се чини дека ова ќе му биде последна сезона. Наредната дестинација за некогаш еден од најдобрите светски напаѓачи би требало да биде Кина, односно екипата на Далиан Јифанга, пренесува шпански АС.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Да потсетиме, за трансфер во оваа екипа се поврзува уште еден фудбалер на Атлетико, Караско, кој исто така би можел да го облече дресот на кинескиот клуб. Се наведува дека Торес во Кина би требало да заработува околу 15 милиони евра годишно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Де Јонг се огласи за својата иднина: Јасно кажа што сака!

Френки де Јонг јасно стави до знаење дека во неговите планови е само да остане во Барселон…