Најдобриот тенисер во светот во голем стил се врати на врвот на АТП листата, а тоа не помина незабележано од спортскиот свет.
Новак Ѓоковиќ е избран за најдобар спортист во Европа во традиционалниот 61-ви избор на Полската агенција ПАП.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ѓоковиќ трет пат во кариерата, после 2011 и 2015 година го доби ова признание.
Српскиот тенисер освои 146 бодови, 13 повеќе од вторпласираниот фудбалер на Реал Мадрид и освојувач на „Златната топка“, Лука Модриќ. Зад нив следуваше Британецот од Формула 1, Луис Хамилтон со 114 бодови.
ТОП 10 најдобри спортисти во Европа
1.Новак Ѓоковиќ – 145 бодови
2.Лука Модриќ – 132
3.Луис Хамилтон – 114
4.Естер Ледецка – 74
5.Мартен Фуркад – 69
6.Маршел Хишер – 67
7.Марит Бјоррген – 59
8.Антоан Гризман – 43
9.Кевин Мајер – 40
10.Симона Халеп – 39