Дома Фудбал Тони Крос жали поради заминувањето на Лопетеги

Тони Крос жали поради заминувањето на Лопетеги

kros lopetegui

Играчот за врска на Реал Мадрид, Тони Крос преку Твитер се прости од сега веќе поранешниот тренер на Реал Мадрид, Јулиен Лопетеги.

После 139 дена и серијата лоши резултати, Лопетеги беше приморан да го напушти „Сантијаго Бернабеу“, а ситуацијата кулминираше со високиот пораз во „Ел Класико“, кое Барселона го доби со 5:1.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Жалење поради заминувањето на Лопетеги изрази Тони Крос преку својот Твитер профил.

„Најголем пораз за играчите е кога тренерот мора да си замине. Посебно во овој случај кога се работи за одличен тренер и уште подобар човек. Ти благодарам, Јулиен“, напиша Крос на друштвената мрежа.

Ќе потсетиме Лопетеги го превзема Реал Мадрид на почетокот на јули откако Зинедин Зидан го напушти клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Нови детали за Марадона: Агонијата можела да трае и 12 часа, еве кој не дозволил да се направи важна анализа

За време на продолжувањето на судењето против седум здравствени работници обвинети за смрт…