Во Италија во изминатиот период актуелни се обвинувањата за обложувања, вмешани се повеќе имиња, а по Николо Фаџоли, сега и Сандро Тонали ја призна вината.
Првиот кој доби суспензија беше Николо Фаџоли од Јувентус кој заработи суспензија од 12 месеци, седум ќе бидат одработени со неиграње на теренот, додека уште пет се претворени во парични казни.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сандро Тонали би можел да помине многу полошо додека се потврдат последните информации.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Тонали ќе добие суспензија од 16 месеци, бидејќи призна дека се обложувал и на натпревари на Милан, каде што играше до јуни.
Со оглед дека за споменатиот прекршок суспензијата е три години, фудбалерот на Њукасл, може да биде среќен што помина „само“ со толку. Ако ова биде потврдено тогаш него ќе го нема на терените најмалку до 2025 година.