Дома Фудбал Репрезентации Тијаго Силва испиша историја на Мундијалите: Го сруши рекордот на Роџер Мила

Тијаго Силва испиша историја на Мундијалите: Го сруши рекордот на Роџер Мила

 Бразил вчера лесно ја победи Јужна Кореја и обезбеди четвртфинале во кое ќе игра против Хрватска. Корејците не беа закана за „Кариоките“ и натпреарот беше решен после половина час.

При голот после на Ришарлисон кој беше трет за Бразил на натпреварот историја испиша Тијаго Силва. Силва стана најстариот асистент на Светските првенства. Силва до асистенцијата стигна на 38 години и 74 дена, па за 32 дена го надмина рекордот на Мила.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


До вчерашниот натпревар Камерунецот го држеше рекордот со 38 години и 42 дена кој го оствари на СП во Италија во 1990 година. Треба да се додаде дека Мила останува на врвот кога во прашање е најстар стрелец на Мундијалите, тој рекорд го држи со 42 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Германците лути поради Сане: Тогаш ни Роналдо не треба да игра…

Фудбалската репрезентација на Германија со половичен успех ги заврши септемвриските задачи…