Дома Фудбал Англија Тим од соништата – Ова најдобрата „петорка“ според Марез!

Тим од соништата – Ова најдобрата „петорка“ според Марез!

Алжирецот,Ријад Марез, сеуште е член на Лестер иако на крајот од минатата јавно изјави дека сака да го промени клубот.

Марез јасно стави до знаење дека сака да го напушти клубот и да направи чекор напред во својата кариера. Фудбалерот сеуште не успеал да го договори својот трансфер бидејќи негова голема желба е да заигра за Барселона, но Каталонците во овој момент сметаат дека Марез не им е потребен.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Играчот од средината на Лестер до сега најмногу се поврзуваше со трансфер во Арсенал, но конкретен одговор сеуште нема. Марез како гостин во една телевизија одлучи да состави тим од пет играчи.

Секако, во истиот се смести и самиот себе, а место добија уште Џанлуиџи Буфон, Зинедин Зидан, Н’Голо Канте и Лионел Меси. Очигледно дека Марез сонува да заигра во тандем со Меси, па барем и на овој начин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Аморим за скандалот меѓу фудбалерите на Евертон: Би сакал и моите фудбалери да се тепаат!

Иако Евертон го одигра речиси цел меч со десет играчи по исклучувањето на Идриса Геја, сеп…