Дома Останати Тимска игра за спас на Вардар – MOZZART донираше милион денари после бројните типувања на натпреварите на црвено-црните!

Тимска игра за спас на Вардар – MOZZART донираше милион денари после бројните типувања на натпреварите на црвено-црните!

Компанија Mozzart пред неполн месец се придружи на навивачката група Комити во акцијата за спас на Вардар, каде со секој уплатен тикет на кој се наоѓа натпреварот на славниот скопски клуб, компанија Mozzart го зголемува фондот за донација на „црвено – црните“, кои се борат со тешка финансиска ситуација!

Сите играчи кои ги имаа натпреварите на Вардар кои ги одигра во последните 2 недели (против Шкендија на 20.03 и против Пелистер на 04.04), придонесоа кон вкупниот фонд кој се донира на овој клуб – 1.000.000 денари. Не беше важно како ќе типуваат, важно беше само да ги имаат „црвено – црните“ на својот тикет!

Оваа акција беше добра шанса играчите да почувствуваат поддршка од своите навивачи во овие тешки моменти, а сите одиграни тикети на кои беше и Вардар, го зголемија износот на донацијата на Mozzart.

„Навистина сме пресреќни за оваа донација од 1.000.000 денари која ја реализираше компанија Mozzart, а во која придонесоа и играчите од уплатните места. Голема благодарност и до нашите навивачи кои ја иницираа акцијата за спас на Вардар, како и на компанијата Mozzart која им се приклучи. Оваа помош ни е од огромно значење, ние продолжуваме да играме за нашиот клуб со безрезервна поддршка од нашите фанови.“ – изјави капитенот на ФК Вардар, Дејан Блажевски.

Од Mozzart се надеваат дека со оваа акција преку која донираа 1.000.000 денари на „црвено-црните“ ќе помогнат на клубот и ќе придонесат во олеснување на ситуацијата во која моментално се наоѓаат. 

„Компанија Mozzart ги поддржува спортските колективи и поединци преку разни проекти, со голем акцент на локалните спортски клубови. Овој пат се придруживме на навивачката група Комити во акцијата за спас на Вардар и фондот за солидарност го насочивме кон овој славен скопски клуб, кој поминува низ тежок период. Кампањата имаше одличен одзив, оваа акција беше одлична можност за навивачите да го поддржат клубот во период кога заради епидемиолошката ситуација не можат тоа да го направат на Градскиот стадион. Се надеваме дека ќе ја олесниме ситуацијата во која што моментално се наоѓа клубот, а ние продолжуваме и понатаму со реализација на општествено одговорни активности.“ – истакнаа од менаџментот на компанија Mozzart.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Конор не знае што прави – борбата со Порие не е одложена!

Два дена откако Конор Мекгрегор објади дека нема 10. јунји да се бори со Дастин Порие стиг…