Напаѓачот на Лајпциг, Тимо Вернар (23) после долгиот период во кој се шпекулираше изгледа конечно го избрал новиот клуб.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Овој 23 годишен напаѓач се одлучил за трансфер во редовите на Баерн Минхен и ја прифатил понудата од Баерн пред оние од другите клубови.
Вернер со своите настапи го привлече вниманието на европските гиганти. Во редот за неговиот потпис застанаа голем број тимови, а на крајот тој се одлучил за преминување во Минхен.
Разговорите помеѓу клубот и играчот траат подолго време. Фудбалерот ги одбил сите понуди за продолжување на соработката и многу е веројатно дека ќе го гледаме во дреост на Баерн.
Акутелниот договор на Вернер со Лајпциг важи до летото наредната година, а овој тим за неговите услуги постави цена од 60 милиони евра.
Огромен интерес за неговите услуги покажуваше и Ливерпул. Дури експертот за трансфер МекГери најави дека тој трансфер може да се реализира.
Сепак, Ливерпул се откажа од негов ангажман и му понуди нов договор на Дивок Ориги.
За иднината на Вернер зборуваше генералниот директор на Лајпциг, Оливер Минтазлаф
„Немавме избор, сакавме да ја продолжиме соработката, но не успеавме. Не е паметно да чекаме да му заврши договорот, сакаме да добиеме што е можно повеќе пари“, изјави генералниот директор германскиот клуб.