Дома Тикет на денот Тикет на денот (недела, 25.06.2023)

Тикет на денот (недела, 25.06.2023)

tiket na denot

Од денешната понуда не можеме да бидеме задоволни, но таков е периодот, па се надеваме дека ќе издржеме. Ова е нашиот предлог тикет за денес.

Палмеирас – Ботафого – 3+ @ 1.98 во Mozzart

Првиот натпревар за денешниот тикет ни доаѓа од бразилската Серија А каде што ќе се сретнат две исклучително квалитетни екипи. Домаќините се со огромни амбиции за оваа сезона, а ништо подолу не се ниту гостите. Засега се им оди според планот, па веруваме дека ќе има голема борба до самиот крај на сезоната. Според обложувалниците, екипата на Палмеирас е огромен фаворит, но ние сепак решивме да го избегнеме конечниот исход и да ви дадеме предлог на голови. Типуваме 3+ со квота 1.98 во Mozzart.

Розенборг – Сарпсборг – 1 @ 2.05 во 22Bet


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


Веќе неколку сезони наназад екипата на Розенборг игра прилично слабо, па ништо подобри резултати не бележат ниту сега. Овој тим после 11 изиграни натпревари се наоѓа на средината на табелата, а тешко ќе биде да влезе во конкуренција за да оствари било каков успех. Нивниот противник, екипата на Сарпсборг, барем на лист се подобри од нив и се наоѓаат на 7-то место со вкупно 15 бода, но во последните два натпревари имаат два порази и овој натпревар го дочекуваат со лошо расположение. Веруваме дека Розенборг ќе успее да ја искористи кризата на Сарпсборг и дека ќе победи на овој натпревар. Типуваме 1 со квота 2.05 во 22Bet.

Сморгон – Динамо Минск – 2/2 @ 1.72 во Bet365

Денес на програмата имаме натпревари и од белоруската Вишаја лига, па за во денешниот тикет решивме да ви претставиме и еден натпревар од тука. Се сретнуваат екипите на Сморгон и Динамо Минск. Сморгон е на средината на табелата, а мора да признаеме дека овој тим игра доста лошо, посебно во последните пет натпревари каде што запишаа само една победа и четири порази. Гостите се лидери на табелата и мора да признаеме дека засега се држат според планот и нивната цел е токму ова место. Динамо Минск е далеку поквалитетна екипа, па веруваме дека без поголеми проблеми ќе го надигра тимот на Сморгон. Наш предлог е 2/2 со квота 1.72 во Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 6.98

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тикет на денот

Проверете

Тикет на денот (вторник, 07.01.2025)

Денес православните слават Божик, па поради тоа некаде во Европа имаме и пауза од натпрева…