Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг одлучи да го стави на продажба Антони Марсијал, пренесуваат медиумите на Островот.
Французинот ова лето се врати на „Олд Трафорд“ после позајмицата во Севиља, но не добива голема минутажа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Те Хаг одлучи да го задржи, но Марсијал не е задоволен од својот статус, а и не ги исполни очекувањата на холандскиот тренер.
„Црвените ѓаволи“ се спремни да го продадат на лето, а со тоа да се ослободат и од неговата висока плата, бидејќи Французонот е еден од најплатените фудбалери во тимот.
Најсилен интерес за Французинот покажуваат Јувентус и Атлетико Мадрид, но проблем за трансфреот може да биде токму неговата висока плата.