Дома Македонски спорт Мак фудбал Тетекс верува во опстанок во ВМФЛ: Претстави 13 засилувања во еден ден

Тетекс верува во опстанок во ВМФЛ: Претстави 13 засилувања во еден ден

Денес второлигашот Тетекс ги промовираше новите засилувања за пролетниот дел од сезоната со кои ќе се надева на опстанок.

По кризата од која беше погоден еден од најпознатите фудбалски клубови во Македонија, дојде ново раководство, а со тоа и бројни промени. Тренер на тетовскиот клуб е Љупчо Марковски – Калц, а клубот претстави 13 нови фудбалери.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Христијан Кировски, Трајче Стојковски, Михаило Митров, Матеј Николов, Емил Скоко, Димитриј Попоски, Давид Спасовски, Мустафа Јусуф, Стефан Богдановски, Бојан Тимевски, Меритон Салији, Амзаи Елвир и Андреј Јаневски, се имињата со кои се засили Тетекс.

„Сезона 2022/2023 е една од најтешките за нашата фудбалска икона. За таа цел градот под Шара, се обедини како никогаш до сега се со една цел, опстанок во втората фудбалска лига на Македонија.

Момци ви посакуваме топло добредојде и убедени сме дека заедно ќе ги израдуваме сите подржувачи и верните Војводи“, објавија од клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…