Фудбалерите на Манчестер Јунајтед Бруно Фернандеш, Даниел Џејмс и Џесин Лингард во текот на првите тестирања покажаа дека изолацијата поради коронавирусот не влијаеа негативно на нив, токму напротив.
Фернандеш кој веќе ги импресионираше навивачите на Манчестер Јунајтед во текот на јануари и февруари на тестот за брзина покажал подобар резултат во однос на оној пред коронавирусот. Португалецот трчал со брзина од 34.27 километри на час и така ги шокирал тренерите и стручниот штаб на клубот од „Олд Трафорд“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Џејмс инаку достигнал најголема брзина, трчал со 36.8, додека зад него беа Аксел Тузанзебе и Џеси Лингард.
Кога во прашање е интезитетот, Лингард бил на врвот пред Хари Мегваер и Скот Мектоминеј.
Играчите на Јунајтед очигледно останале во форма и ги следеле упатствата кои го добивале од клубот за начинот на исхрана и тренирањето.
Јунајтед на табелата се наоѓа на 5. позиција и пред прекинот беа во добра форма, на последните четири натпревари запишаа три победи. Последната беше онаа против Манчестер Сити од 2:0.