Дома Останати Кошарка Тестовите негативни, селекторот Тодоров со 12 играчи ќе го има првиот тренинг

Тестовите негативни, селекторот Тодоров со 12 играчи ќе го има првиот тренинг

Здравствената комисија на федерацијата ги реализираше планираните тестирања за коронавирусот, кои беа неопходни за „влез“ во периодот на подготовките за настап на нашиот сениорски национален тим на квалификацискиот турнир во Талин.  

Беа тестирани сите репрезентативни кандидати, вклучително и стручниот штаб, кои во овој момент се во Скопје.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


А  резултатите се според посакувањата, желбите на нашиот стручен штаб, предводен од селекторот Александар Тодоров. Сите планирани добија негативен наод од лекарскиот тим на федерацијата.

На конечниот список на играчи кои вечерва од 18. часот, во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ во Скопје треба да го одработат ги нема имињата на Андреј Андоновски, кој пријави повреда на скочниот зглоб, заработена на последниот тренинг на МЗТ Скопје Уни Банка, и Јетмир Зекири, од приватни причини.

Откако беа уредно тестирани и сите добија негативен наод, следниве играчи треба да се јават на првиот собир на нашиот сениорски национален тим:

Љубомир Младеновски (Работнички)

Виктор Ефремоски (Работнички)

Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)

Андреј Магдевски (МЗТ Скопје Аеродром)

Филип Бакоч (МЗТ Скопје Аеродром)

Кристијан Николов (МЗТ Скопје Аеродром)

Марко Симоновски (Кожув)

Андреј Митревски (ТФТ)

Дамјан Робев (Куманово)

Бојан Трајковски (Пелистер)

Лука Савиќевиќ (МЗТ Скопје Уни Банка)

Леонид Тодоровски (МЗТ Скопје Уни Банка)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Ливерпул тргнува по Де Јонг

Ливерпул е силно заинтересиран за играчот за врска на Барселона, Френки де Јонг и на лето …