Дома Фудбал Останато Тер Штеген: „Ќе биде чудно да не се почувствува отсуството на Меси“

Тер Штеген: „Ќе биде чудно да не се почувствува отсуството на Меси“

Голманот на Барселона, Марк-Андре Тер Штеген ги повика соиграчите во Ел Класико да покажат карактер во отсуството на најдобриот играч, Лионел Меси.

Аргентинецот се повреди во победата над Севиља од 4:2 и ќе отсуствуа од теренот до три недели.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


„Ако најдобриот играч во светот не е тука, ќе биде чудно да не се почувствува разликата, но мислам дека имаме карактер и индивидуален квалитет за да го надокнадиме на најдобар можен начин. Знам дека имаме одлични играчи. Нема да се лажеме, тоа не е добра ситуација и без сомнение би сакале да е со нас на теренот, но 100% верувам во оние кои ќе бидат на него. Поседуваме многу квалитет и треба да се концентираме, а не на она „Што ако е Лео..“.. Тоа не се смета, бидејќи тој не може да игра“, изјави Тер Штеген.

Барса е прва на табелата со 18 бода, додека Реал е во криза и е дури седми, но со само четири бода помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ФИФА го суспендира Самуел Ето

Поранешниот камерунски напаѓач, Самуел Ето е суспендиран на шест месеци од страна на ФИФА.…