Манчестер Јунајтед во осминафиналето во Лигата на шампионите приреди сензационално враќање. После поразот во првиот натпревар на „Олд Трафорд“ 0:2, на „Паркот на принцовите“ славеа со 1:3 и го елиминираа Пари Сен Жермен.
Во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите на свој терен Јунајтед минимално беше поразен од Барселона, но Каталонците сигурно ќе бидат внимателни пред утрешниот реванш.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, чуварот на мрежата на Барселона, Марк-Андре Тер Штеген не верува дека на неговиот тим може да му се случи исто што и на ПСЖ.
„Ќе видиме утре, но добра работа е што ние не играме како ПСЖ, играме поинаку. Резултатот е опасен бидејќи предноста е мала, но знаеме дека мораме да ја држиме топката како и секогаш и да ја играме нашата игра за оствариме резултат“.
„Нашиот ривал сака да победи, тоа е тим кој оваа сезона победуваше големи натпревари на гостински терен и секако дека нашата предност не е така голема, но сакаме да ја одбраниме и да покажеме дека сме супериорни. Не сакаме да зборуваме за она што се случи против Рома минатата година. Беше тешко, но тоа сега е минато. Не сакаме тоа да се повтори“.
„Ќе биде ова тежок натпревар. Ќе има моменти во кои ќе мора да се браниме, како и што имаше на нивни терен“, изјави Тер Штеген.