Дома Фудбал Останато Теоријата на Колина: Како знаел дали ударот со лакт е со намера или не?

Теоријата на Колина: Како знаел дали ударот со лакт е со намера или не?

Пјерлуиџи Колина за многумина е најдобриот судија на сите времиња.

Од судењето Колина се прости пред 15 години, но за многумина остана најдобар на сите времиња во светот на фудбалот. Овој 61 годишен Италијанец сега често го коментира судењето во разни емизии, а едно време работеше и за ФИФА.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Неодамна англискиот судија Грахам Пол објави автобиографија во која во еден дел зборуваше за Колина.

Пол откри што Колина ги советувал тогашните млади судии и како да проценат дали некој играч го удрил противникот намерно со лакт.

Пишувајќи својата автобиографија објаснил дека Колина имал теорија за ударот со лакт. Имено, тој им кажал дека ако играчот ја има стиснато дланката тогаш тоа е намерен удар, а ако не тогаш веројатно станувало збор за случаен удар без намера да се повреди противникот.

Правилата за удар со лакт се ригорозни и до пред неколку години за секој таков удар се покажуваше директен црвен картон, Колина на некој начин се обидел да им помогне на колегите да проценат дали ударот е со намера или не.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Официјално: Маскерано нов тренер на Меси

Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официјална потврда, Хавиер Маскерано е н…