Англиските медиуми пишуваат дека тренерот Ерик Тен Хаг сака секој ден да го искористи максимално, па поради тоа ќе почне прво со ремонт на одбраната, а веќе им се заблагодарил на Ерик Баи и Арон Ван-Бисака, додека се очекува да го продаде и Виктор Линделоф.
Откако ќе се ослободи од нив, Тен Хаг сака да го купи Пау Торес од Виљареал, а не би требало да имаат проблеми да ги договорат личните услови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тоа не е единствен стопер кој сака да го купи Тен хаг, затоа што тој планира да остане со Рафаел Варан и Хари Мегваер, но во екипата се очекува да пристигне и Демирал.
Аталанта мора да го откупи за 20 милиони евра од Јувентус, а се шпекулираше дека нема да го направи тоа по неуспешната сезона, па таа ситуација може да ја искористи премиерлигашот.