Реал Мадрид го изгуби првиот натпревар во полуфиналето од Копа дел Реј против Барселона (0:1).
Алфредо Матиља, уредниот на шпанскиот „Релево“, тврди дека фудбалерите на Реал Мадрид ја губат довербата во тренерот Анчелоти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Односот помеѓу Анчелоти, клубот и играчите многу се промени. Се повеќе членови на Реал сметаат дека Анчелоти треба да си замине и се повеќе играчи се незадоволни од италијанскиот тренер“, пишува Матиља.
Наводно постоел и судир помеѓу Анчелоти и претседателот, Флорентино Перез кој започнал по лигашкото реми 1:1. Тогаш Перез му замерил на Анчелоти дека неколку стандардни првотимици оставил на клупата.
„Сето тоа секојдневно влијае на тимот. Неколку фудбалери сакаат да ја искористат оваа нестабилност и да се изборат за подобар статус за себе. Поради тоа и се жалат на Перез од Анчелоти“, додава новинарот.
Италијанскиот тренер има понуда да ја преземе бразилската репрезентација, но сега е фокусиран на Реал Мадрид и затоа би размислувал по завршувањето на сезоната.