Дома Останати Кошарка НБА Тензии во НБА: Тепачки на два натпревари 🎥

Тензии во НБА: Тепачки на два натпревари 🎥

Изминатата вечер во НБА лигата видовме тензични ситуации и тепачки на две средби.

Голден Стејт Вориорс славеше 97:84 против Шарлот во еден од помалку ефикасните мечеви во последните години. Меѓутоа освен малиот број поени овој натпревар ќе се памети и по хаосот во финишот.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Домашниот тим на десетина секунди до крајот тргнаа да постигнат кош кога победникот веќе беше решен и тренерите на двата тима веќе се упатија спортски да се поздрават. Но, тоа ги налути гостите и дојде до голема мешаница во која беа исклучени по еден играч од двата тима.

Поголем хаос се случуваше на натпреварот помеѓу Њу Орлеанс и Мајами. Инцидентот тука започна на почетокот на последната четвртина кога Кевин Лав направи груб прекршок. Следуваше расправија помеѓу Наџи Маршал и Џими Батлер. Маршал ги стави рацете на асот на Мајами, а тој во налет на бес почна да г о гуши.

Тогаш скокнаа кошаркарите од клупата, па дојде и до поголема мешаница.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Шокантни сцени во Серија А, фудбалер на Рома доби срцев удар

Стоперот на Рома, Еван Ендика на мечот против Удинезе колабираше во моментот кога топката …