Екипата на ПСЖ доживеа нов тежок удар.
Откако тимот имаше проблеми со повредата ба Мбапе, па се повреди и Марко Верати, сега се повреди и Кејлор Навас.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Француските медиуми пренесуваа дека вчера не тренирал со екипата и дека во вторник нема да биде меѓу стативите против Лајпциг.
На негово место би требало да застане Шпанецот Серхио Рико, кој оваа сезона собра десет настапи.
Инаку, Навас во текот на натпреварот против Аталанта се пожали на повреда, но тогаш собра сили и го одигра натпреварот до крај.
Ова секако ќе биде голем удар за Тухел бидејќи Навас е еден од најдобрите играчи во тимот и играч кој ја има освоено ЛШ три пати. Останува да бидиме дали ќе биде подготвен за евентуално финале…