Дома Македонски спорт Тблиси беше далеку, а сега Македонија дома игра за историја затоа во недела – сите на стадион!

Тблиси беше далеку, а сега Македонија дома игра за историја затоа во недела – сите на стадион!

Фудбалските ѕвезди вчера беа наклонети на Македонија – прво ја декласиравме Ерменија со 0:5, а потоа и Исланд одигра „за нас“ извлекувајќи реми против Романија на гости.

Тоа реми придонесе Македонија в недела сама да си решава за баражот за Светското првенство. Било каква победа против Исланд и – ете сме во бараж! Дефинитивно натпреварот в недела ќе биде еден од најважните во македонската фудбалска историја, веројатно веднаш зад дуелот пред точно една година во Тблиси кој директно одлучуваше за пласман на ЕП.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Тогаш игравме во Тблиси и македонската публика немаше прилика да биде на трибините, сега е поинаку играме дома во Скопје и навистина е жално да не се одвои симболична сума за да се бодри репрезентацијата. Фудбалерите одиграа одлични квалификации кои резултатски можеа да бидат и подобри, но треба да се потсети дека имавме големи промени затоа сите момци во тимот заслужија една ОГРОМНА поддршка, а ние сега имаме прилика да им ја дадеме таа поддршка!

Фудбалската Федерација на Македонија денес дополнително ги отвори источната и западната трибина цената на влезниците е само 100 денари. Север и југ се веќе распродадени.

МАКЕДОНИЈА ЗАСЛУЖИ, СЕР БОБИ ЗАСЛУЖИ, МОМЦИТЕ ЗАСЛУЖИЈА! ЗАТОА В НЕДЕЛА – СИТЕ НА СТАДИОН МАКЕДОНИЈА ИГРА НАТПРЕВАР ЗА БАРАЖ ЗА МУНДИЈАЛ!

Пишува: Стефан Даскалов

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Гвардиола го нападна Артета: Следниот пат биди појасен

Пеп Гвардиола побара од Микел Артета да престане јавно да ги изнесува навредливите и неосн…