Дома Фудбал Останато „Тато го продаде својот мотоцикл, а мојот плејстејшн за да дојдеме во Рио“

„Тато го продаде својот мотоцикл, а мојот плејстејшн за да дојдеме во Рио“

Флуминенсе вчера ја победи Бока во финалето и го освои својот прв трофеј во Копа Либертадорес која е јужномаериканска верзија на Лигата на шампионите.

Бока низ историјата седум пати го освојувала овој трофеј, но вчера се радуваше бразилскиот клуб. Околу 100.000 Аргентинци вчера беа во Рио, меѓутоа на крајот завршија во солзи, Флуминенсе славеше по продолженија со 2:1.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


На социјалните мрежи се појави и видео од мало момче кое зборува како со неговиот татко успеале да дојдат во Рио без билети за натпреварот.

„Тато го продаде неговиот мотоцикл, а јас мојот Плејстејшн за да дојдеме во Рио. Воопшто немаме билети. Зошто? Па тоа е Бока, Бока е лудница…“, изјави момчето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Газета дело Спорт“: Фаџоли позајмил 578.000 евра за коцкање 

Истражувањето на италијанското обвинителство за обложување на фудбалери донесе некои интер…