Дома Останати Тенис Таткото на Ѓоковиќ за Федерер: Тој е голем шампион, но мал човек

Таткото на Ѓоковиќ за Федерер: Тој е голем шампион, но мал човек

djokovic federer

Taткото на Новак Ѓоковиќ не го променил мислењето иако Федерер во последно време е во одлични односи со српскиот тенисер.

Лајвер купот кој се одржа неодамна беше одлична прилика Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ да покажат колку се почитуваат меѓусебе. Беа во ист тим, а сведоци бевме на една ситуација во која Швајцарецот беше во улога на тренер на Новак.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сепак таквите случувања не го променија мислењето на таткото на Новак, Сраѓан Ѓоковиќ за најтрофејниот тенисер на денешницата.

Тој гостуваше во „Happy TV“ во една емисија и при таа прилика се потсети на изјава на Федерер од пред 12 години кога го нарече Ѓоковиќ „измамник“, во текот на
Дејвис купот во мечот помеѓу Србија и Швајцарија, кога Новак во петиот сет против Вавринка побара медицински тајм-аут.

„Кажав и тогаш, Федерер е голем шампион, но мал човек. Тоа го мислам и денес. Во последно време го промени односот, изгледа и самиот сега знае дека погрешил. Дури и беше во улога на негов тренер, сите видовте како го советуваше на Лајвер купот“, изјави Срѓан Ѓоковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Вистинско богатство: Познато колку заработил Надал само од големите турнири

Рафаел Надал ја заврши својата спектакуларна тениска кариера, а последниот натпревар го од…