Трансферот на Лазар Самарџиќ во Интер дефинитивно пропадна и играчот се врати во Удинезе.
Интер постигна договор со Удинезе за трансфер тежок 20 милиони евра плус еден младински фудбалер, веќе закажа лекарски прегледи, но трансферот пропадна во последен момент.
Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Во преговорите се замешал и таткото на Самарџиќ, кој е негов втор агент и побарал поголема плата и провизија за играчот.
Интер не сакаше да ги задоволи неговите барања, па го извести Самарџиќ дека нема ништо од трансферот.
Српскиот репрезентативец се врати во Удинезе и продолжи со тренинзи, а Интер потврди дека дефинитивно се откажува од фудбалерот.