Дома Фудбал Останато Таткото на Сала: Сега згасна надежта дека Сала е жив!

Таткото на Сала: Сега згасна надежта дека Сала е жив!

Вчеравечер беше пронајден авионот со кој исчезна аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала кој леташе од Нант кон Кардиф.

Експертот и ловец на бродови Дејвид Мернс,го пронајде авионот вчера наутро и како што откри ги известил службите, но јавноста беше известена дури 15 часа подоцна. Авионот бил пронајден на дното на англискиот канал.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Таткото на фудбалерот, Хорасио Сала за аргентинските медиуми откри дека веста ја слушнал на телевизија.

„Како и сите слушнав на телевизија, ова е еден сон, многу лош сон. Очаен сум. Последен контакт со експедицијата имав во саботата. Поради тоа што немаа Ватсап не можев да сум во контакт постојано. Кога чув дека авионот е пронајден, најмалата надеж кај нас дека Сала е жив ни згасна“, изјави Хорасио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мендиета му предложи шокантен трансфер на Серхио Рамос

Поранешната ѕвезда на Барселона, Гаизка Мендиета, смета дека легендарниот дефанзивец Серхи…