Стевче Алушовски вчера имаше интервју за специјализираниот сајт за ракомет „Балкан Хендбол“ во кој зборуваше за некои планови на Вардар.
Алушовски во разговорот потврди дека Вардар е сериозно заинтересиран за Филип Талески.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Талески и Кузмановски мислам дека прерано заминаа, мораа да изберат клубови каде што би биле носителите на играта. Сакам да кажам дека сакам да го доведам Талески во Вардар. Тој има понуда од јуни да биде член на Вардар. Зошто и како тој себе гледа во Германија, не можам да разберам. Ти си Македонец, да живееш и работиш во својата земја, во својот клуб, мислам дека нема ништо подобро од тоа. Нивната визија е поинаква, за мене е не е јасна, но мораме да ја почитуваме“, изјави Алушовски.