Дома Македонски спорт Мак фудбал Талентот на Шкендија направи трансфер во Хрватска

Талентот на Шкендија направи трансфер во Хрватска

Eден од најталентираните фудбалери на Шкендија и голема надеж на овој клуб, 19-годишниот Дашмир Елези кариерата ја продолжува во Хрватска.

Елези ќе игра за тимот на Локомотива Загреб, трансферот утрово го потврди тетовскиот клуб.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Шкендија со задоволство објавува дека постигна договор со НК Локомотива Загреб за трансфер на Дашмир Елези. Клубовите ја договорија оштетата, а Шкендија ќе добие и 10% од потенцијалниот следен трансфер на Елези“, објави тетовскиот клуб.

Вниманието на македонската јавност Елези го привлече кога на само 16 години доби шанса и стана најмладиот стрелец во историјата на клубот на официјален натпревар. Иако има 19 години тој зад себе собра веќе 90 официјални натпревари.

Минатата година се пресели во Торпето Кутаиси од Грузија, меѓутоа набрзо по барање на играчот трансферот се откажа и Елези продолжи со Шкендија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…