Поранешниот германски тенисер Борис Бекер на аукција стави лични работи, трофеи и сувенири во вредност од 200.000 фунти со цел да собере пари и да ги исплати долговите, пренесуваат денед британските медиуми.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Реплики на трофите на Вимблдон, Ус Опен и Дејвис Купот, медали и облека се на аукцијата. Бекер исто така продава негови рекети, часовници, па дури и чорапи.
Аукцијата е преку интернет и ќе трае до 11-ти јули.
Продажбата на работите на Бекер е организирана од страна на стечајни управници.
Шесткратниот Грен Слем шампион прогласи банкрот во јуни 2017 година. Аукцијата на неговите работи беше претходно организирана, но одложена беше бидејќи Бекер се повика на дипломатскиот имуниетет.