Taжна вест ни пристигнува денес од НБА лигата. Изненадувачки на 66-годишна возраст почина Ерл Кјуретон.
Кјуретон почина на 66-годишна возраст и засега не се познати причините за смртта на екс-кошаркарот. Во кариерата настапуваше за повеќе екипи во најсилната лига во светот.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Успеа дури двапати да биде шампион во НБА лигата. Шампионскиот прстен го освојуваше со Филаделфија во 1983 година и со Хјустон Рокетс во 1994. Низ кариерата го носеше дресот на Детроит, Чикаго, Клиперс и Тороно.
Една година од кариерата помина и во Европа во дресот на Олимпија Милано по што се врати во САД.