Дома Фудбал Останато „Супер агентот“ и понудил на Барса замена за Сетиен, но колку е реално Каталонците да прифатат?

„Супер агентот“ и понудил на Барса замена за Сетиен, но колку е реално Каталонците да прифатат?

Барселона по рестартот на сезоната не изгледа добро на теренот, Каталонците се неубедливи па и затоа ја изгубија трката за титулата во Шпанија.

Тренерот Кике Сетиен веројатно ќе остане до крајот на сезоната во Барселона, но потоа нема да биде изненадување ако каталонскиот клуб го отпушти.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Веќе некое време се шпекулира кој би можел да го замени на клупата, а „Мундо Депортиво“ пишува дека познатиот агент Жорге Мендеш им го понудил Лоран Блан.

Меѓутоа Лоран Блан е без ангажман веќе четири години, последен клуб кој го водеше беше ПСЖ и затоа прашање е колку има шанси кај Барселона.

Во целата кариера овој стратег имаше три ангажмани: Во Бордо, репрезентацијата на Франција и ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

За него повеќе нема иднина во Реал: Го купија за 50, а сега го продаваат за 10 милиони евра

Реал Мадрид ова лето ќе направи вистинска „чистка“ во соблекувалната бидејќи веќе е познат…