Дома Македонски спорт Мак фудбал Судиска анализа: Силекс и Беласица оштетени за пенали!

Судиска анализа: Силекс и Беласица оштетени за пенали!

Судиската комисија на ФФМ денес излезе со анализа на судењето на последното велигденско коло во македонскиот фудбал.

Во Првата лига оштетен бил Силекс во пресметката против Брегалница која беше важна за излез во Европа. Натпреварот завши без голови, но на Силекс не му бил досуден пенал.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„На натпреварот ФК Силекс -ФК Брегалница одигран на 15.04.2023 година, анализирана е ситуацијата од 71 минута. Главен судија: Ндерим Тефику. Помошни судии: Слаѓан Марковски и Мартин Петковски .

71 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА ( Не досудено офсајд позиција удар)

Играч од нападот на домаќините прими долга топка од соиграч, биеше кон голот на гостите, голманот на гостите кратко ја одби топката и таа дојде до друг соиграч од екипата на домаќините кој во моментот на ударот кон голот на гостите се наоѓаше позади својот соиграч и постигна гол.

Погрешна одлука на вториот помошен судија што досуди офсајд позиција, голот беше регуларен, бидејки играчот што го постигна голот во моментот кога неговиот соиграч ја упати топката кон голот на гостите, се наоѓаше позади играчот што ја упати топката“, стои во анализата.

Тоа е единствениот натпревар ПМФЛ во кој според комисијата имало грешка.

Во Втората лига биле забележани две погрешни проценки, една натпреварот Арсими – Саса и една на дуелот Беласица – Слога Виница.

„На натпреварот ФК Арсими – ФК Саса одигран на 15.04.2023 година, анализирана е ситуацијата од 50 минута.

Главен судија: Марјан Дејаноски. Помошни судии: Мартин Дејаноски и Осман Зекири.

50 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( Не доделен ЦРВЕН картон)

Играч од екипата на гостите беше во посед на топка во шеснасетникот на домаќините, во моментот кога го помина и голманот и имаше очигледна шанса за гол (празен гол) последниот играч од одбраната на домаќините го повлече за дрес од позади грб спречувајки го да постигне гол, прекршокот беше направен на аголот на голманскиот простор од 5,5 метри на домаќините.

Исправно досуден удар од 11 метри за екипата на гостите, меѓутоа погрешно доделена дисциплинска мерка жолт картон, во оваа ситуација главниот судија требаше да додели ЦРВЕН картон за играчот на домаќините кој беше последен играч на одбраната, поради спречување очигледна шанса за гол, влечење за дрес од позади грб над играч од екипата на гостите кој ја има во посед топката и имаше празен гол.

На натпреварот ФК Беласица – ФК Слога Виница одигран на 15.04.2023 година, анализирана е ситуацијата од 12 минута.

Главен судија: Кирил Смоквоски. Помошни судии: Марјан Смилкоски и Борис Трајков.

12 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Не досуден удар од 11 метри)

Играч од екипата на домаќините додаде топка во шеснасетникот на гостите близу линијата на шеснасетникот, негов соиграч и противнички играч тргнаа кон топката инаку свтрени со грб спрема голот, играчот на домаќините прв стигна до топката и ја удри, отпосле, закаснето стартуваше играчот на гостите удирајки го во долниот дел од ногата (листот) играчот на домаќините.

Иако многу добро поставен, погрешна одлука на главниот судија што досуди слободен удар за екипата на гостите, во оваа ситуација главниот судија требаше да досуди удар од 11 метри за екипата на домаќините, бидејки играчот на домаќините играше со топката, а отпосле играчот на гостите го удира играчот на домаќините во ногата“, стои во објаснувањето за грешките во второлигашката конкуренција.

КОМПЛЕТНАТА АНАЛИЗА МОЖЕТЕ ДА ЈА ПРОЧИТАТЕ – ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…