Дома Фудбал Останато Суарез одговори на пораката на Меси: 2, 3 или 4 луѓе не можат да го избришат она што го направи

Суарез одговори на пораката на Меси: 2, 3 или 4 луѓе не можат да го избришат она што го направи

Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез вчера и официјално беше претстав како нов играч на Атлетико Мадрид.

Суарез во Атлетико пристигна од Барселона за само два милиони евра и потпиша договор на две години. Јасно е дека Уругваецот не сакаше да замине од каталонскиот клуб, но управата на Барселона сакаше да се ослободи од неговата плата, па едноставно го избрка.

За разлика од останатите кои заминаа Суарез на прошталната фотографија со трофеите се сликаше сам, не и со претседателот Бартомеу. Меси во пораката со која се прости од Барселона исто така јавно го обвини раководството.

Заслужи многу повеќе затоа што беше еден од најдобрите во историјата на клубот. Не заслужи да бидеш избркан, но во овој момент ништо не ме изненадува. Ти посакувам среќа во новиот предизвик, ќе се видиме наскоро пријателе“, стоеше помеѓу другото во пораката на Меси.

Суарез со одговорот уште еднаш покажа какво мислење има за луѓето во управата.

„Ти благодарам пријателу на твоите зборови, но уште повеќе ти благодарам за она што си ти. Затоа што со мене беше од првиот ден. Секогаш ќе му бидам благодарен на Лео Меси како човек, за играч сите добро знаат каков си. Не заборавај што ти кажав: Продолжи да уживаш и да покажуваш дека ти си тој за големи работи 2, 3 или 4 луѓе не можат да го избришат тоа што ти го направи за клубот и фудбалот воопшто. Те сакам многу пријателу, ќе ми недостасуваш“, порача новиот напаѓач на Атлетико Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Зидан: Победата е заслужена, одигравме перфектно

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан беше исклучително задоволен од играта на својот тим…